Во последниот ден од летниот преоден рок, „Топчиите“ прифатија понуда од Манчестер Сити вредна 60 милиони фунти.
Но зделката не се реализираше бидејќи Арсенал не можеше да најде соодветна замена. Клубот од Северен Лондон понуди 100 милиони евра за Томас Лемар, Монако го прифати предлогот, но играчот реши да остане на Луј Втори Стадионот.
Низ медиумите во Чиле се говори дека Алексис Санчез бил разочаран од ваквиот развој на настанните, играчот верува дека Арсенал „си играл со неговата иднина“ па тој повеќе „нема мотивација да игра за „Топчиите“ оваа сезона“.
Поранешниот играч на Арсенал, Стјуарт Робсон, кој сега работи како стручен коментатор исто така даде свое мислење и очекува играчот цела сезона да биде повреден.
„Тој не сака да биде дел од Арсенал, милсам дека ќе биде повреден во поголемиот дел од времето, нема да го дава максимумот, ова ќе биде лош, лош потег на Арсенал“ – вели Робсон.
Алексис Санчез важи за голем борец кој секогаш го дава максимумот па останува да се види дали ќе користи вакви валкани трикови или пак целосно ќе ја испочитува последната година од договорот.
Арсен Венгер пак смета дека играчот ќе биде 100% посветен.
„Во ваш интерес е постојано да играте на врвно ниво, и тој е 100% посветен на Арсенал, немам сомнеж во ова“ – истакна Французинот во разговор со БеИН Спортс.