„Сините“ го доставија списокот со 25 играчи кои ќе имаат право за настап во Премиерлигата, и на големо изненадување, на него се најде Диего Коста.
Напаѓачот уште во јуни беше известен дека за него нема иднина во Челси и треба да си најде нов клуб, а Антонио Конте ова го стори на многу непопуларен начин, преку смс порака.
Шампионот на Англија се надеваше дека ќе го продаде напаѓачот во Кина и добро ќе заработи, но Бразилецот со шпански пасош возврати во иста мера и инсистираше само на трансфер во Атлетико Мадрид.
Двата клуба цело лето преговараа, а за овој период, Диего Коста тренираше со резервите и не му беше дозволен пристап во соблекувалната на првиот тим.
Атлетико и Челси на крајот не успеаја да пронајдат заеднички јазик, па Диего Коста најмалку до јануари одново ќе биде дел од „Сините“.
И покрај тоа што тој е во војна со Антонио Конте, на големо изненадување се најде на списокот со 25 играчи кои имаат право за настап во Премиерлигата.
Овој потег беше и причина за Тибо Куртоа да го пецне Жерард Пике за фамозниот твит кога дефанзивецот на Барса порача дека Нејмар останува на Камп Ноу.
Голманот на Твитер постираше слика од него и Диего Коста и заедно со неколку смајли икони напиша: „Останува“.
SE QUEDA @diegocosta pic.twitter.com/8vo9qCkk9g
— Thibaut Courtois (@thibautcourtois) September 1, 2017