Ливерпул се сложил да го продаде Кутињо на Барса…. но во јануари и под еден услов

by
1 минути читање

Клубот од Камп
Ноу остана со празни раце во последните денови од преодниот рок, Ливерпул не
попушти и одби да му дозволи на Филипе Кутињо да направи трансфер, а доцна
вечерва и ПСЖ ја одби понудата за Анхел Ди Марија.


Според пишувањата на Мундо Депортиво, лидерите на Барса до последен момент
вечрва се обидувале да постигнат договор, и Ливерпул се сложил да го продаде
Филипе Кутињо но во јануари и под еден услов.

„Црвените“ барале
160 милиони евра, и тоа сумата да биде исплатена одеднаш.

Токму оваа бројка
била последната понуда на Барса за Бразилецот, но најмалку 40 милиони требале
да бидат во бонуси, а и фиксниот дел од сумата да се плати на неколку рати.

Контра предлогот
на Ливерпул не бил по мерак на Барселона, па тие се помириле дека нема да го
добијат Филипе Кутињо во блиска иднина и ги прекинале преговорите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани