89
По осум одиграни кола во руското првенство Зенит е прв со шест победи и две нерешени средби, но изминатата недела се појавија шпекулации дека Манчини има недоразбирање со раководството околу трансфер активностите.
Манчини барал централен дефанзивец, желба која му е исполнета во последниот ден од преодниот рок.
„Зенит потпиша четиригодишен договор со словенечкиот дефанзивец Миха Мевља“ – стои во соопштението на рускиот клуб.
Зенит е првиот противник на Вардар во групната фаза од Лига Европа, натпреварот се игра на 14 септември на „Телеком Арената“.