1,2K
Арсенал веќе одби
50 милиони фунти од Манчестер Сити за Алексис Санчез, во текот на денот се
шпекулираше, а веќе медиумите на Островот на големо пишуваат дека и дефинитивно
Граѓаните ја зголемиле понудата.
Англиските
медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити денес испратил нова понуда вредна 55
милиони фунти, која е за само 5 милиони фунти поголема од претходната, а речиси
е јасно дека и оваа ќе биде одбиена експресно.
Арсенал посакува
70 милиони фунти, или пак нешто помала, но истовремено во истата да биде
вклучен и Рахим Стерлинг.