Тепачот на полицајци, Орие доби виза и потпиша за Тотенхем

by
1 минути читање

Неизвесноста
околу трансферот на 24 годишниот Серж Орие заврши, репрезентативецот на БСК е
ново засилување на Тотенхем.

Клубот од Северен
Лондон и ПСЖ со денови имаа договор за трансфер вреден 23 милиони фунти (25
милиони евра), но зделката зависеше од тоа дали играчот ќе добие работна виза.

Минатата година
тој не доби дозвола да влезе во Велика Британија кога ПСЖ му гостуваше на
Арсенал во Лигата на шампионите бидејќи во Франција се водеше судски процес за
физички напад на полицаец.

Сепак, со жалба,
условната затворска казна од два месеци беше намалена во парична глоба, па
вчера уредно му беше издадена работна дозвола и тој сега стави потпис на пет
годишен договор со „Спарси“.

„Задоволни сме
што можеме да го потврдиме трансферот на Серж Орие од ПСЖ
– гласеше известувањето на
Тотенхем. „Тој стави потпис на договор со трајност до 2022 и ќе го носи дресот
со број 24
.

Репрезентативецот
на БСК треба да биде замена за Кајл Вокер, кој беше продаден на Манчестер Сити
за рекордни 50 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани