Вечерва на полноќ
завршува летното лудило на трансфер пазарот (освен во Шпанија) па клубовите забрзано
работата на последните зделки.
Според пишувањата
на медиумите од „Островото“, Ливерпул е прилично зафатен и клубот од Енфилд се
обидува да реализира три зделки вредни преку 175 милиони фунти.
„Црвените“ вчера
се договорија со Арсенал за трансфер на Алекс Окслејд Чемберлејн вреден 35
милиони фунти, и Англичанецот денеска треба да стави потпис на договорот.
Ливерпул исто
така е во преговори со Монако за Томас Лемар, шампионот на Франција на маса има
понуда вредна над 70 милиони фунти, откако претходно одби два предлога вредни 55 и 60 милиони фунти.
Јирген Клоп се
надева дека денеска ќе му биде исполнета и желбата за ангажман на Вирџил ван
Дијк. Менаџерот цело лето инсистира на ангажман на дефанзивецот и во еден
период беше блиску до играчот, но мораше да се повлче од зделката и да се
извини откако Саутемптон се пожали дека Ливерпул и Германецот без дозвола
разговарале со Холанѓанецот.
„Црвените“ и за
услугите на Вирџил ван Дијк се спремни да платат над 70 милиони фунти.