Алжирската фудбалска федерација потврди дека му дала дозвола на Марез да се врати во Европа за да го комплетира трансферот со новиот клуб.
„Алжирскиот репрезентативец од Лестер, Ријад Марез, кој во моментов е со националниот тим во Сиди Муса на подготовките за дуелите против Замбија од квалификациите за СП 2018, доби дозвола од националниот селектор Лукас Алкараз и Алжирската фудбалска федерација, да замине на кратко патување во Европа за да го комплетира трансферот во својот нов клуб. Денеска националниот тим без него ќе патува во Лусака каде во сабота игра против Замбија“ – стои во соопштението на Федерацијата.
Наскоро ќе се знае името на новиот клуб на Марез, а како опции се посочуваат Арсенал, Челси, Барселона, Манчестер јунајтед и Рома.