165
Дефанзивецот на
„Баварците“ и Германија доби огромни критики откако влезе во егзебиција која
може да го чини кариерата.
Матс Хумелс на
Инстаграм објави видео како скока од балкон во мал базен и напиша: „Изгледа
многу поспектакуларно отколку што навистина е”.
Видеото за кратко
време има 300.000 прегледи и речиси 700 коментари и многумина се чудат зошто
тој превземал ваков непотребен ризик.
Потегот на Матс
Хумелс не им се допадна ниту на луѓето од репрезентацијата на „Панцирите“, тим
менаџерот Оливер Биров рече: „Не сме полиција за социјалните мрежи. Но мора да
посочам дека тој е идол на многу млади луѓе, па треба малку повеќе да внимава.
Можеше да биде полошо ако скокнеше на глава”.