227
Медиумите на
Островот пренесоа дека Дени Дринквотер побарал од минатогогодишниот првак на
Англија, Лестер, да биде пуштен да премине во редовите на актуелниот бранител
на титулата во Премиерлигата, тимот на Челси.
Италијанскиот
стратег од клупата на Сините, Антонио Конте во Дринквотер гледа идеално решение
за средниот ред и вистински партнер во тој дел со Нголо Канте, со кого одлично
функционираа во Лестер претходно.
Лестер веќе одби две
понуди за својот фудбалер, последната изнесуваше 30 милиони фунти, а Челси не
сака да се согласи на 40 милиони фунти, онолку колку што бара Лестер во
моментов за Дринквотер.