Донарума за шпекулациите за кам-бек во Италија: Тоа се гласини, среќен сум во Париз!

by 24 фудбал
1 минути читање

Џанлуиџи Донарума потврди дека сака да стави потпис на нов договор со Пари Сен Жермен.

Италијанскиот чувар на мрежата е член на ПСЖ од 2021 година кога бесплатно прејде од Милан. Сега дојде време за продолжување на соработката, пред да влезе во последната година од договорот налето. Иако постоеја гласини дека би можел да се врати во Италија, па дури и да брани во Интер, тој реши да прокоментира.

Има многу гласини, ама вистината е дека сум среќен во Париз. Чувството да сум тука каде што сите ме ценат и почитуваат е одлично. Среќен сум, се прилагодив и приоритет ми е да го продолжам договорот“, изјави Донарума.

Донарума е прв избор во тимот на ПСЖ, иако клубот го купи рускиот голман Матвеј Сафонов минатото лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани