170
Селекцијата на
Бразил се подготвува за претстојните два натпревари од квалификацискиот циклус
за пласман на СП Русија 2018, претстојат дуелите со Еквадор на домашен, односно
оној со Колумбија на гостински терен.
Бразилците знаат
како добро да се забавуваат во соблекувалната, па тоа го докажаа уште еднаш
Нејмар, Тијаго Силва, Дани Алвеш и Марсело, кои играа серва и тоа ни помалку ни
повеќе, туку користејќи ја масата каде требаше да ја „заковаат“ топката на
спротивната страна за да поентираат.
Бразил е лидер во
јужноамериканските квалификации со 33 бода на чело во својата група, 11 повеќе
од Колумбија, односно 12 повеќе од Уругвај.