399
Фудбалерите на Вардар претрпеа пораз во првиот натпревар на подготовките во Анталија.
Победа над „црвено-црните“ славеше екипата на Септември Софија и тоа со минимални 1:0.
Во овој натпревар тренерот Гоце Седлоски шанса им даде на сите фудбалери во составот.
Фудбалерите на Вардар од Турција се враќаат на 8 февруари, а ќе одиграат натпревари уште со Верес Ривне од Украина, Аквитал Чаквар од Унгарија, Рапид Виена од Австрија и грузиската Сабуртало Ибериа против која Вардар игра во следниот натпревар на 26 јануари.