Арсенал и Челси се договорија за трансфер на Чембрлејн на Стемфорд Бриџ, но фудбалерот се уште не потпишал со англискиот шампион.
Остануваат уште неколку детали кои треба да се договорат помеѓу Чембрлејн и Челси за трансферот да биде комплетиран.
„Сан“ пишува дека во меѓувреме Ливерпул се обидува да го предомисли Чембрлејн и во последен момент да му го украде на Челси.
Јирген Клоп му дава централна позиција во средниот ред на Чембрлејн, таа која ја преферира фудбалерот, додека Клоп го планира како страничен играч.
Сепак, медиумите не веруваат дека Ливерпул може да го купи Санчез од Арсенал, најмногу поради лошите односи на овие два клуба кои кулминираа во 2013 кога Венгер се обидуваше да го ангажира Суарез за 40 милиони фунти плус една фунта.