Ливерпул ќе му ја исполни желбата на Кутињо, „Црвените“ прифатиле 160 милиони евра?!

by
1 минути читање

Бразилецот е
желба на „Каталонците“ со недели, но Ливерпул не сака да слушне за продажба на
плејмејкерот и покрај тоа што самиот играч достави формално барање за трансфер.

Од час на час информациите за иднината на играчот се менуваат, а последните извештаии велат дека „Црвените“ конечно попуштиле и го известиле Филипе Кутињо
дека ќе му дозволат да се пресели на Камп Ноу.

Наводно Ливерпул и Барселона се договориле за трансфер вреден 160 милиони евра,
вест која вечерва ја пренесе новинарот Оливер Бонд.

Клубот од Енфилд
сепак побарал од Барселона и играчот да молчат се додека тие не најдат замена.

Се говори дека Томас Лемар од Монако ќе треба да го наследи Филипе Кутињо, а
преостанатиот дел од парите добиени од продажбата на Бразилецот ќе бидат
инвестирани во ангажман на Вирџил ван Дијк од Саутемптон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани