1,3K
Емре Мор минатото лето во Борусија Дортмунд стигна како многу надежен фудбалер, засилување кое во иднина требаше да биде еден од носителите на играта, но не се снајде најдобро во германската екипа.
Многу брзо откако дојде, новиот тренер на Дортмунд, Титер Бош го отпиша Мор и го стави на трансфер пазарот.
Отогаш Мор се поврзуваше со Интер, Фиорентина, Евертон, Бетис, Милан… но на крајот потпиша за Селта.
Сумата која ќе ја плати шпанскиот клуб изнесува 13 милиони евра што е клупски рекорд на Селта и тоа повеќе од двојно од претходниот кој го држеше Пионе Систо за кој платија 6 милиони евра.