Според најновите
информации кои ги пренесува „Скај Спортс“ се вели дека Арсенал веќе испратил
одговор до Манчестер Сити во однос на нивната последна понуда за Алексис
Санчез.
Одредени медиуми
на Островот пренесоа дека барањето на тимот од Лондон е Кун Агуеро, со тоа
Арсенал наводно пријавил незаинтересираност за Рахим Стерлинг, фудбалерот кој
беше понуден во пакет за Санчез, вклучително и одредена сума на пари.
Сепак, вреди да
се издвои дека Сити наводно не сака ниту да слушне да остане без Агуеро ова
лето, но не сака ниту пак да се откаже од Стерлинг туку така лесно, барем така
делува според новите информации.
„Скај Спортс“ пренесува
дека Арсен Венгер го посакува Стерлинг во своите редови, па за неговите услуги
планира да испрати понуда до Манчестер Сити, во која ќе го вклучи Санчез а
додатно ќе понуди и сума на обештетување за репрезентативецот на Англија.
Со тоа, наместо
да го продадат Санчез а покрај тоа да го добијат и Стерлинг во пакет, Арсенал
на Сити ќе му го препушти Санчез, но и ќе доплати за Стерлинг, за
репрезентативецот на Англија да пристигне во Лондон.