Чехот минатиот
месец требаше да потпише за Јувентус, но „Старата Дама“ се повлече од зделката
откако на лекарските прегледи утврдија мала срцева мана.
Но Патрик Шик
уште ова лето си најде нов клуб, Рома успеа да потпише со талентираниот напаѓач.
За услугите на
голгетерот интерес пројавија неколку клубови, Сампдорија бараше висока сума, но
за разлика од ПСЖ и Премиерлигашите, „Римската Волчица“ нема голема финансиска
моќ и мораше да биде малку инвентивна.
Трансферот
официјално се води како 42 милиони евра, но за да се стигне до оваа сума се
потребни неколку клаузули и неколку години.
Рома го добива
Патрик Шик на позајмица за која ќе плати 5 милиони евра, а откако ќе бидат
исполнети одредени цели, клубот од Рим ќе биде обврзан во целост да го откупи
играчот за додатни 9 милиони евра.
„Џалоросите“ ќе
треба да исплатат и 8 милиони во бонуси, а Сампдорија ќе добие и 20 милиони
евра во февруари 2020. Доколку Шик биде продаден пред овој датум, Сампдорија ќе
добие 50% од сумата или пак 20 милиони евра, во зависност од тоа која бројка е
поголема.
Јувентус требаше
да го купи Патрик Шик за 30,5 милиони евра, сума платена на три рати.
Само за
потсетување, ПСЖ за Нејамр искешира 222 милиони евра.