Ливерпул во финална офанзива за Лемар, Ориги „жртва“, познати се деталите

by
1 минути читање

Според најновите
информации кои во јавноста ги пласираа медиумите на Островот, се вели дека
Ливерпул е подготвен да издвои 75 милиони фунти, а додатно во понудата го нуди
и Дивок Ориги за офанзивецот на Монако, 21 годишниот Томас Лемар.

Монако подолг
период инсистира на тоа да го задржи Лемар во своите редови, но се чини дека
последната понуда која дојде на нивна адреса за младиот фудбалер е тешка за
одбивање.

Што се однесува
пак до Ориги, за него има интерес од повеќе екипи во Европа, како што се
Олимпик Марсеј, Баер Леверкузен, Вердер, Њукасл, Кристал Палас и Тотенхем, но
се чини дека Ливерпул ќе сака да го искористи него за остварување на амбициите
во трката за Лемар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×