Францускиот
стратег од клупата на Арсенал, Арсен Венгер е на сериозни маки, неговиот тим
тргна со исцрпувачка победа над Лестер на домашен терен, а потоа следеа порази
на гости кај Стоук и Ливерпул, високиот пораз на „Енфилд Роуд“ со 4-0 го вклучи
алармот во тимот од Лондон.
Сепак, не се
моменталните резултати на Арсенал единствена грижа за Венгер, заминувањето на
првата ѕвезда на тимот, Алексис Санчез е моментално топ тема во Англија.
Познато е дека
Манчестер Сити тргна во сериозна финална офанзива за Чилеанецот, а понудата е
тешка за одбивање, истата изнесува 50 милиони фунти, а како дел од понудата го
нуди и Рахем Стерлинг.
Медиумите на
Островот ги уловија Венгер и Санчез во разговор на само, настрана од сите
останати во екипата, претпоставките се дека Французинот не се откажува
од намерата да го убеди најдобриот фудбалер од своите редови да остане и натаму
во Арсенал.
Нивниот разговор
е пред средбата на „Енфилд Роуд“, каде Топчиите беа во секој сегмент од играта
прегазени од Ливерпул.
Санчез одби да
потпише нов договор со тимот од Лондон, Венгер остана на ставот дека Чилеанецот
не е на продажба и ќе мора да го одработи својот договор до крај (истекува
идното лето).