Драма и хаос во тунелот во Лисабон меѓу играчите на Бенфика и Барселона

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона и Бенфика одиграа спектакуларен натпревар во Лисабон, а заврши со каталонско славје (4-5).

Според информациите од португалските и шпанските медиуми по мечот во тунелот се случувала драма. Имено, фудбалерите на Бенфика биле лути поради односот на Рафиња кој беше избран за играч на натпреварот.

Се верува дека дошло до турканица и за малку бил избегнат физички судир на двете екипи во тунелот. Овој момент не е документиран бидејќи тука биле само фудбалерите и редарите.

Фудбалерите на Бенфика ме навредуваа по натпреварот, а јас само возвратив. Ако ми покажеа почит јас сигурно немаше да се однесувам така“, изјави Рафиња.

Инаку, Барселона славеше во натпреварот со 4-5, иако на полувреме губеше 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани