„Го сакавме Килијан Мбапе, го добивме Килијан Азар“ – Фановите на Челси се чудат на последното засилување

by
1 минути читање

Антонио Конте не
е задоволен од она што го сработија првите луѓе на Челси до овој момент на трансфер
пазарот и инсистира да пристигнат уште неколку имиња пред крајот на преодниот
рок.

„Сините“ се
поврзуваат со Дени Дринквотер од Лестер, Алекс Окслејд Чемберлејн од Арсенал и
уште еден напаѓач.

И додека соте
очекуваат некое звучно име, клубот од Стемфорд Бриџ попладнево го соопшти
трансферот на Килијан Азар, кој е помлад брат на Еден Азар.

22 годишниот
Белгиец пристигнува од Ујпешт и ќе биде испратен во резервниот тим.

Тој веројатно е
донесеn за да се задоволат одредени барања на Еден Азар, па на фановите не им се
допадна ваквиот потег, и тие незадоволството го искажаа на социјалните мрежи.

„Го сакавме
Килијан Мбапе, го добивме Килијан Азар
– гласеше пораката на еден разочаран фан.

Килијан не е
единствениот од браќата Азар кој се „шлепа“ на славата на Еден, претходно и
Торган беше дел од Челси, но откако стана јасно дека нема квалитет за првиот
тим, беше продаден на Борусија Менхенгладбах.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани