93
Реал Мадрид се
спасуваше од пораз во второто коло од Примера, на домашен терен одигра реми со
резултат 2-2, а двата гола за домаќините ги постигна Асенсио, откако Валенсија
со пресврт дојде до предност по почетната негатива на мечот.
Сепак, резултатот
остана во втор план низ медиумите во Шпанија, таму на насловите се најдоа Лука
Модриќ и Лукас Васкез, кои во една ситуација од мечот имаа расправија за тоа
кој е виновен за пропаднатата акција.
Веќе се познати и
зборовите во нивната расправија од оваа ситуација…
Модриќ: Не ја комплицирај играта, врати ја топката
Васкез: Не се шегувај со мене. Што да правам? Сам
сум
Модриќ: Премногу ја комплицираш играта, играј
едноставно
Васкез: Секогаш јас, секогаш јас…