Напаѓачот на
Интер беше желба на Марсеј ова лето и клубот од Велодром минатата недела
веруваше дека конечно ќе го добие потписот на Стеван Јоветиќ, па дури закажа и
лекарски прегледи.
Сепак,
Црногорецот во последен момент се предомисли и ја прифати понудата на Монако.
Мирор вчера
објави една бизарна строија поврзана со овој трансфер, англискиот таблоид пренесе дека фудбалерот на пат за малото кнежевство бил во хеликоптер заедно со
првиот човек на Марсеј, Жан Анри Ејро и двајцата имале чудна конверзација.
Претседателот
на Марсеј не го познал играчот, но што е уште поневеројатно, почнал да му се
фали како на Велодром ќе донел нов напаѓач кој се вика Стеван Јоветиќ.
Фудбалерот
подоцна му го открил идентитетот, па Ејро бил гневен и започнал голема
расправија во хеликоптерот.
Но според Радио
Монте Карло, деталите на Мирор се малку преувеличени а делови од сторијата
лажни.
Стеван Јоветиќ и
Жак Анри Ејро биле заедно во хеликоптерот, но и двајцата добро знеле со кого
патуваат. Исто така, првиот човек на Марсеј знаел дека Стеван Јоветиќ го одбрал
Монако, а не Марсеј.
Блисок пријател
на играчот за Радио Монте Карло вели: „Претседателот на Марсеј се поздрави со
нас и ни кажа дека е разочаран и жали што Јоветиќ не потпишал за Марсеј.
Приказната на Мирор е лажна”.
Веста на Мирор за кратко време стана хит на социјалните мрежи, и многумина се чудеа како првиот човек на Марсеј може да си дозволи еден ваков пропуст.