Ќе може ли Венгер да го одбие ова, Сити нуди пари плус Стерлинг за Санчез

by
1 минути читање

Пеп Гвардила во последните 72 часа од преодниот рок тргнува во финална офанзива по Алексис Санчез.

Чилеанецот е под договор со Арсенал до 30. јуни 2018, преговорите за продолжување на соработката тапкаат во место, но и покрај тоа Арсен Венгер одбива да го продаде напаѓачот.

Се шпекулираше дека Манчестер Сити сака да плати 50 милиони фунти, но „Топчиите“ се подготвени да ризикуваат и да го загубат следното лето за без пари.

Последните извештаи велат дека Пеп Гвардиола очајно го посакува Алексис Санчез па ќе достави мега понуда.

Шпанецот нуди пари плус услугите на Рахим Стерлинг, кој сезоната ја отвори со два клучни гола, и донесе бод против Евертон и три против Борнмут.

Останува да се види дали ова ќе биде доволно за Арсен Венгер да даде зелено светло за продажба на Алексис Санчез, со оглед на тоа дека добива замена за Чилеанецот и пари кои може да ги вложи за дополнително засилување на тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани