Бомба на „Каталонците“ во последниот ден, може ли Барса да ги купи Кутињо и Ди Марија во пакет?

by
1 минути читање

„Каталонците“ изминатиов викенд го презентираа Осман Дембеле како наследник на Нејмар, но Барселона се обидува да ангажира уште некое звучно име.

„Преговараме со одредени играчи“ – изјави спортскиот директор Роберт Фернандез. „Сакаме што побрзо да се договориме. Се надевам дека ќе има брз прогрес и ќе презентираме уште еден играч“.

„Немерата е да донесеме уште еден играч, по можност двајца“.

Филипе Кутињо останува приоритет, но постои можност Бразилецот да пристигне на Камп Ноу во пакет со Анхел Ди Марија.

За иднината на Бразилецот има конфликтни извештаи, медиумите од Англија се убедени дека Ливерпул не го има променето ставот и Филипе Кутињо не е на продажба, но во Шпанија велат дека преговорите веќе се започнати и се споменува трансфер вреден помеѓу 150 и 160 милиони евра.

Барса исто така внимателно ја следи и ситуацијата на Анхел Ди Марија, Аргентинецт веројатно ќе треба да замине кога ПСЖ ќе го соопшти ангажманот на Килијан Мбапе.

Но за да се реализираат овие две зделки, од Камп Ноу ќе треба да заминат неколку играчи.

На излезна врата се Андре Гомеш, Ардар Туран, Рафиња и Дагналс. Мунир исто така бара нов клуб, а веројатно клубот ќе го напушти и Томас Вермален.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани