Венгер доби шлаканица на Енфилд а сега ќе биде понижен од Ливерпул и на трансфер пазарот

by
1 минути читање

Арсен Венгер не
веруваше што му се случува на Енфилд во неделата, Ливерпул го декласираше
Арсенал со 4-0.

Но ова не е
единствениот тежок пораз што Французинот може да го доживее од „Црвените“.

Арсенал цело лето
се обидуваше да го купи Томас Лемар од Монако и имаше три неуспешни обиди. Во
четвртокот Арсен Венгер беше запрашан дали планира да достави нова последна
понуда пред крајот на преодниот рок, а Французинот одговори: „Нема потреба, Монако ја затвори вратата за Томас Лемар“.

Но медиумите од
Англија сега пишуваат дека Ливерпул вчера доставил понуда вредна 60 милиони евра,
која за кратко време прераснала преку 70 милиони евра и Монако сериозно
размислува да ја продаде својата млада ѕвезда.

Па Арсен Венгер
ризикува да биде понижен од „Црвените“ и на трансфер пазарот, доколку клубот од
Енфилд за неколку дена успее да го договори Томас Лемар, а тој безуспешно преговараше со месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани