Интер го победи Емполи и се врати на „минус три“ од Наполи (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Екипата на Интер ја оправда фаворитската улога против Емполи во 21. коло од италијанската Серија А и славеше победа од 3:1.

Беше подобар противник Интер од самиот почеток и повеќе напаѓаше, но по првите 45 минути мрежите мируваа.
Резултатот го отвори Лаутаро Мартинез кој погоди по асистенција на Николо Барела во 55. минута.

За 2:0 се погрижи Дамфрис во 79. минута, а во 84. минута фудбалерот кој е на позајмица од Интер во Емполис, Еспосито погоди за надеж на гостите.

Сепак, само пет минути подоцна Турам погоди и стави точка на натпреварот. Интер со оваа победа се врати на „минус три“ од Наполи на врвот на табелата, но тимот на Конте има натпревар помалку. Емполи од друга страна со 20 бода е 14-ти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани