Во дербито на
третото коло во Премиерлигата, Ливерпул го пречека Арсенал на Енфилд.
Но наместо голема
борба, на теренот имаше само една екипа, „Црвените“ го надиграа противникот и
го декласираа со високи 4-0.
Резултатот го
отвори Фирмино во 17. минута. Бељерин загуби топка на својата половина, Гомез
центрираше а Бразилецот најдобро се снајде во петерецот на гостите и погоди за
1-0.
На пет минути до
крајот на првиот дел, Мане по една соло акција прецизно биеше на подалечната
статива за 2-0.
Во 57. минута
веќе беше 3-0. Бељерин загуби топка како последен игра, Салах претрча 50 метри
и рутински го матираше Чех. Точка на натпреварот стави Стариџ во 77. минута.
Претходно, Челси
со погодоците на Фабрегас и Мората го совладаа Евертон, ВБА и Стоук одиграа
1-1, а со ист резултат заврши и средбата помеѓу Тотнем и Барнли.