Новата македонска
онлајн обложувалницата 1xbet.com и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне
да се одлучите што да одиграте денес.
Милан – Каљари
1-1
Милан ова лето го
одврза ќесето, потроши преку 200 милиони евра и донесе 10 нови засилувања. Па
фановите одново сонуваат за титулата, во се поголем број го посетуваат Сан
Сиро, а избраниците на Винченцо Монтела одговорија со пет победи во низа, од
кои најубедливата беше онаа против Шкендија токму на домашен терен со 6-0.
Каљари на стартот убедливо загуби со 3-0 на гостувањето кај Јувентус, па клубот
од Сардинија веројатно ќе доживее сличен пораз и во Милано.
Ливерпул –
Арсенал ГГ
Натпреварот на
Енфилд е дерби на третото коло во Премиерлигата. Ливерпул и Арсенал веќе еднаш
кикснаа во првите две кола, па нов пораз ќе значи уште сега големо заостанување
во однос на Манчестер јунајтед, но и покрај тоа се очекува двата клуба да
понудат атрактивен дуел со многу борба и голови. На изминатите пет натпревари
помеѓу овие два тима, дури четири пати средбите завршуваа со гол во двете мрежи
па за очеквуање е истото да се случи и денеска.
Реал Мадрид –
Валенсија ГГ
„Кралевите“ во
одлична форма ја пречекуваат Валенсија на Сантијаго Бернабеу но домаќините имаа
мали проблеми. Серхио Рамос е суспендиран, а Рафаел Варан се повреди, па Реал ќе
треба да игра без искусен централен дефанзивец. „Лос Че“ ќе се обиде да го
искористи ова и да приреди изненадување во Мадрид. На последните девет
натпревар двата тима постигнувале погодок и оваа серија веројатно ќе продолжи и
вечерва.
Спортинг –
Есторил 1
Стефан Ристовски
би можел вечерва да дебиира во дресот на Спортинг во дуелот со Есторил,
натпревар на кој домаќините се голем фаворит. Откако Спортинг го осигура
местото во групната фаза од Лигата на шампионите, избраниците на Жорж Жесус можат
да се фокусираат само на домашниот шампионат и со убедлива игра да стигнат до
три бода против аутсајдерот.
1ХBet.com Ви нуди
одлични коефициенти и голем број на различни обложувања за секој натпревари.
Уживај во фудбалот и заработи со 1ХBet.com.
За предностите на
онлајн обложувањето можете да прочитате на овој ЛИНК.