72
Енис Барди вчера
го забележа деби погодокот во Примера и тоа на спектакуларен начин.
Македонецот биеше
неодбранливо под пречката од слободен удар во 35. минута од средбата против
Депортиво.
Тој веќе покажа
дека е многу опасен од прекини откако на подготовките постигна евроголови
против Виљареал, Кадиз и Елче, па тренерот на Леванте вели дека противниците сега
му се плашат.
„Барди е многу
добар играч, еден од најдобрите изведувачи на слободни удари кои некогаш сум ги
видел“ – вели Хуан Муњиз.
„Кога ќе добиеме
слободен удар, противниците сега се плашат зошто знаат дека одлично шутира“.