Дибала со хет-трик ги реши Пандев и Џенова, џабе домаќините водеа со 2-0 (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Средбата на Луиџи
Ферарис почна одлично за Пандев и Џенова, Македонецот ги измеша Манџукиќ и
Сандро, продре во шеснаесетникот и неговиот центаршот се одби од Пјаниќ и
заврши во мрежата на Буфон по само 18. секунди игра.

Потоа следеше нов
шок за гостите, со помош на ВАР беше досуден пенал за домаќините, а Галабинов
погоди од белата точка за 2-0 веќе во 7. минута.

Но потоа на сцена
стапи Дибала, Аргентинецот најпрво намали на 2-1 во 14. минута, а длабоко во
судиското надополнување на првиот дел од пенал изедначи на 2-2.

Квадрадо по еден
час игра донесе пресврт и водство на „Старата Дама“ од 2-3 а Дибала во 92.
минута ги реши сите дилеми околу победникот и го комплетираше својот хет-трик
за конечни 2-4.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани