1,2K
Италијанските медиуми објавуваат дополнување на најбизарната приказна сезонава која доаѓа од Серија А.
Имено, како што е познато Шпанецот, Хуан Бернабе од Лацио доби отказ откако на социјалните мрежи објавил фотографии и снимки од својот полов орган откако вградил протеза.
Медиумите денеска пренесуваат и како Бернабе се однесувал по добиениот отказ.
Според информациите, Бернабе се заклучил во просториите на клупскиот тренинг центар и не сакал да излезе барајќи да не биде отпуштен.
Исто така заедно со Бернабе Лацио го отпушти и клупскиот доктор, Габриеле Антонини.