Пет факти за најскапото засилување на Барса: Бунтовник кој не знае дали е левак или деснак

by
3 минути читање

Осман Дембеле е
нов фудбалер на Барселона, тој стана најскапиот трансфер во историјата на
„Каталонците“.

20 годишниот
Французин пред себе има тешка задача, треба да ја пополни празнината која ја
остави Нејмар како и да ја оправда големата сума вложена во него, која може да
се искачи до фантастични 147 милиони евра.

Па ви
претставуваме неколку работи кои треба да ги знаете за новата ѕвезда на Барса.

Веќе еднаш и кажа
НЕ на Барселона поради МСН

Техничкиот
секретар на Барселона, Роберт Фернандез се обиде минатото лето да стигне до
потписот на Осман Демебле. Но играчот тогаш ги одби „Каталонците“ бидејќи знеше
дека покрај Меси, Суарез и Нејмар во форот ќе има ограничена минутажа. Но во
исто време, тој на Фернандез му кажал дека еден ден ќе го одблече дресот на
Барса. „Сакам да продолжам да бележам прогрес, и за тоа потребно е да играм
секој викенд. Но еден ден ќе настапувам за Барса“
– гласела пораката на
Французинот. Тој минатото лето заврши во Борусија Дортмунд за 15 милиони евра,
а 12 месеци подоцна пристигнува на Камп Ноу за 105 милиони евра.

Не знае дали е
левак или деснак

Неодамна во
интерју беше запрашан која нога му е посилна, а одговорот го збуни дури и
новинарот: „Не знам која нога ми е посилна…. верјатно сум левак…“. Кога
беше запрашан дали знае дека пеналите ги изведува со десна, Дембеле рече: „Да…
подобро шутирам со десна, но имам повеќе сила во левата нога
.

Дриблингот му е
најјака страна

„Важно е да се
дрибла, барем секогаш било за мене. Но дриблингот треба да биде ефективен и да
ви послужи да отворите дупка во противничката одбрана“
– изјави Дембеле пред
неколку години во разговор со Лекип. Тој сега ќе треба да го докаже ова во
Барселона, да ја превземе улогата на Нејмар, кој беше задолжен со дриблинзи да
отвара простор.

Не го интересира
„Златната Топка

Многу играчи
сонуваат за оваа престижна индивидуална награда, Нејмар токму поради ова замина
од Барселона, со цел да излезе од сенката на Лео Меси и да атакува на „Златната
Топка“ како лидер на ПСЖ. Но очигледно ова не важи и за Осман Дембеле. „Не е
моја цел да ја освојам „Златната Топка“, сакам да освојувам титули со тимот“

порача неодамна Французинот.

Не му е прв пат
да се бунтува со цел да изнуди трансфер

Осман Дембеле го
снема во моментов кога Барса достави понуда, играчот не се појави на тренинг
ниту пак одговараше на повиците од Борусија, тој одбиваше да се врати во
Дортмунд со цел да изнуди трансфер. Ова не е му прв пат да прави нешто вакво.
Во јули 2015 мислеше дека неговата приказна во Рен е завршена и сакаше поголем
предизвик. Но на крајот се предомисли и во октомври истата година стави потпис
на нов договор и дебитираше во Лиг 1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани