Ерик Тохир стана „газда“ на Интер откако го купи клубот од Масимо Морати во 2013, но во моментов е само малцински акционер откако Кинезите пристигнаа во Милано.
Тој сега се обиде да покаже дека е голем фан на Интер, но успеа само да направи голем гаф и да стане хит на социјалните мрежи.
На прашањето зошто ги купил „Нероаѕурите“ тој вели: „Кога купувате клуб, тоа не е само бизнис, морате да бидете заљубен во тимот. Јас сум фан на Интер уште од времето кога го донесовме триото Холанѓани, а потоа и Роналдо“.
Триото Холанѓани за кое зборува бизнисменот од Индонезија всушност се икони на Милан од средината на 80тите, и се работи за Гулит, Рајкард и Ван Бастен.
Интер имаше трио Германци, односно Матеус, Бреме и Клинсман.
Откако пристигнаа многу шеги на сметка на Тохир, тој се огласи на Твитер и напиша: „Очигледно мислев на триото Германци, а не триото Холанѓани“.