129
Барселона ја
загуби битката за Кутињо, Ливерпул не попушти, па така тимот од „Камп Ноу“
целото свое внимание го насочи кон младиот Французин од редовите на Борусија
Дортмунд, Осман Дембеле.
Според најновите
информации кои пристигнуваат, договорен е вториот најголем трансфер во
историјата на фудбалот, Барселона за 20 годишниот Дембеле ќе издвои фантастични 150 милиони
евра.
Фудбалскиот
портал „Гол“ излезе со информација која ги потврди овие најави а веќе се
познати и деталите од договорот помеѓу двата клуба.
Тимот од Дортмунд
ќе добие веднаш 120 милиони евра, додека пак останатите 30 милиони евра ќе ги
добие низ бонуси.
Очекувањата се
Французинот да потпише договор со Барселона со важност до 2022. година.