Вејн Руни стави крај на репрезентативната кариера

by
1 минути читање

Фудбалерот на Евертон се реши да стави крај на настапите во националниот дрес, оваа одлука ја донел по консултација со неговото семејство.

Мислам дека ова
е вистински момент за оваа одлука, беше тешка, но по разговорот со моето
семејство одлучив да ставам крај на настапите во репрезентативниот дрес,
засекогаш ќе останам страствен навивач на Англија
“ објави денеска Вејн Руни на
социјалните мрежи.

Интересно, првиот
гол Руни во дресот на Гордиот Албион го има постигнато токму против Македонија,
и тоа во Скопје, во рамките на квалификациите за Европското првенство во
Португалија, 2004, каде гостите си заминаа од нашата земја со триумф од 1-2.

Во
репрезентацијата на Англија, 31 годишниот офанзивец постигна 119 погодоци во
вкупно 53 одиграни натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани