Врховниот совет за спорт во Шпанија донесе одлука Барселона да може да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор, тоа не им се допадна на луѓето од Атлетик Билбао.
Иако Олмо не може да игра на вечерашниот дуел меѓу Атлетик Билбао и Барселона, баскијскиот клуб се пожали на одлуката.
„Случајот со Дани Олмо? Тоа е привремена одлука донесена од политичко тело. Сега Ла Лига и федерацијата треба да ја бранат одлуката која ја донесоа. Осум дена сме во новата година и го гледаме ова. Ова не е добро за шпанскиот фудбал“, рече претседателот на Атлетик Билбао.
На ова брзо стигна одговор од спортскиот директор на Барселона, Деко.
„Претседателот на Атлетик Билбао не е среќен со случајот за Олмо? Тие треба да си гледаат во нивниот клуб… освен ако не мислат дека се над правдата“, рече Деко.