Изненадување од Тетово: Шкендија се раздели со еден од најважните фудбалери

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Шкендија утрово потврди дека се разделува со Валон Ахмеди кој така го заврши својот втор мандат во тетовскиот клуб.

Ахмеди во редовите на Шкендија пристигна пред почетокот на актуелната сезона од белоруски Солигорск, а претходно дел од клубот беше од 2020 до 2021 година.

Заминувањето на Ахмеди е изненадување затоа што беше еден од најважните и најстандардните фудбалери на тетовскиот клуб во есенскиот дел од сезоната. Зад своето име во актуелната сезона собра 13 настапи.

Во кариерата Ахмеди го носеше дресот уште на Интер Запрешиќ, Кирјат Шамона, Марибор, Целје и Судтирол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани