1,4K
Oд редовите на Воска Спорт се огласија со соопштение до јавноста во кое ги демантираат информациите кои се појавија за преселба надвор од Охрид.
Клубот во соопштението категорично ги отфрла таквите шпекулации и порача дека останува со седиште во Охрид, меѓутоа добива нови соопствении.
Тренер на првиот тим ќе биде Сафет Ислер кој го наследува Сеит Крека.
Подготовките Воска ќе ги започна на 8 јануари во Охрид.
До крајот на сезоната Воска ја чека битка за опстанок бидејќи тимот се наоѓа на последното место со 12 освоени бодови, по еден повеќе имаат Беса и Вардар, а на 14 е Тиквеш.