71
„Црно-жолтите“ се соочуваат со доста проблеми на стартот од новата сезона и таков беше случајот и во дуелот со
Трабзон во Истанбул.
Валбуена со гол од пенал го спаси Фенербахче од пораз и донесе бод во дербито на
второто коло од првенството на Турција.
Јилмас во 5.
минута го донесе Трабзон во предност, а Потук во 45. минута изедначи на 1-1.
Шахан со
прекрасен гол од далечина донесе ново водство за Трабзон на стартот од вториот
дел, а Валбуена од белата точка во 84. минута погоди за 2-2.
Во тимот на
Фенербахче се врати и Робин ван Перси, Холанѓанецот беше на теренот во првото
полувреме.