437
По двата порази
од Реал Мадрид во Суперкупот на Шпанија, Барса ќе треба да се рехабилитира
против секогаш незгодниот Бетис и тоа со „крпен“ состав.
Од популарното
напаѓачко трио „МСН’ вечер ќе игра само Меси. Нејмар беше продаден на ПСЖ а
Суарез заработи повреда и нема да биде во комбинација.
Ернесто Валверде
исто така не може да смета на уште двајца клучни играчи, надвор од стројот е Иниеста,
а Пике е подготвен само за на клупата, каде друштво ќе му прават Силесен, Дињ,
Алеш Видал, Денис Суарез, Андре Гомеш и Туран.
Составот на Барса
за дуелот со Бенитс:
Тер Штеген,
Семедо, Маскерано, Умтити, Алба, Ракитиќ, Бускетс, Серхи Роберто, Деулофеу,
Алкасер и Меси