И Шеикот од Сити во акција, со 300 милиони евра го купува Меси?!

by
2 минути читање

Барселона ова лето веќе доживеа еден шок, Нејмар се пресели во ПСЖ откако „Светците“ ја активираа откупната клаузула на Бразилецот вредна 222 милиони евра.

Последните информации велат дека „Каталонците“ би можеле да останат и без својата прва ѕвезда, Лео Меси.

Шеикот од Манчестер Сити е подготвен да го препише рецептот на ПСЖ и да ја активира откупната клаузула на Аргентинецот.

Оваа вест ја објави Јаху Спортс Франција, и според извештајот „Граѓаните“ се спремни да платат 300 милиони евра.

Тие додаваат дека Лео Меси веќе почнал да го следи Манчестер Сити на Инстаграм, а Пеп Гвардиола ја добил задачата да го убеди Аргентинецот да замине од Камп Ноу.

Но во оваа вест има одредени недоследности, клаузулата на Лео Меси во моментов е 250 милиони евра.

Таа ќе биде 300 милиони евра според новиот договор, но Аргентинецот се уште нема ставено потпис на документите, па тој не е на сила и покрај тоа што со месеци има согласност помеѓу двете страни за сите детали.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани