Maкедонскиот фудбалер Елиф Елмас во изминатиот период се поврзуваше со заминување од Лајпциг, а најчесто се споменуваа екипи од Турција и Италија.
Но, според последните информации Елмас би можел да остане и во Германија.
„Билд“ објави дека неколку клубови од првите шест на табелата покажале интерес за Елмас и ги оствариле првите контакти. Во овој момент во топ 6 на табелата во Германија покрај Лајпциг се: Баерн Минхен, Баер Леверкузен, Ајнтрахт, Мајнц, Борусија Дортмунд.
Елмас во Лајпциг речиси и да не игра и има 22 настапи и најчесто по неколку минути. Помеѓу првите 11 на теренот беше само двапати.
Лајпциг за да го доведе на Наполи за неговите услуги му плати сума од 24 милиони евра, а Елмас потпиша до 2028 година.