ФИФА сака да
имплементира видео технологија за да се намалат судиските грешки, и овој
експеримент беше изведен на Светското клупско првенство минатата година и ова лето на Купот на
Конфедерации.
Но одлуките често
беа хаотични и се трошеше премногу време, но Германците сега уште еднаш покажаа
како треба да функционираат работите.
„ВАР“ вечерва
дебитираше во Бундеслигата и видео технологијата беше повика на помош на стартот од
второто полувреме кога судијата не забележа прекршок над Левандовски.
Напаѓачот потоа
го реализираше ударот од белата точка и зголеми на 3-0 откако претходно во
првиот дел, новајлиите Суле и Толисо најавија лесна победа.
До крајот на средбата, Мехмеди погоди за конечни 3-1.