Тотенхем на две недели пред крајот на трансфер пазарот го донесе првото засилување, и тоа рекордно!

by
1 минути читање

И додека
останатите гиганти од „Островото“ изминативе месеци потрошија огромни суми и се
подготвуваат за мирна завршница на трансфер пазарот, вицешампионот на Англија дури сега почнува
со работа.

На две недели
пред крајот на преодниот рок, „Спарси“ го донесоа рекордното засилување.

Се работи за
перспективниот дефанзивец на Ајакс, Давинсон Санчез за кого се платени рекордни
42 милиони фунти.

Колумбиецот ќе
стави потпис на шест годишен договор откако ќе ги помине редовните лекарски
прегледи и ќе добие работна дозвола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани