188
Бразилецот со
Шпански пасош си има мака, Антонио Конте не смета на него, Челси сака да го
продаде ова лето, па тој треба да тренира со резервите и забранет му е
пристапот во соблекувалната на првиот тим.
Тој оваа недела обвини дека е третиран како криминалец, па на денешната
прес конференција беше неизбежно прашањето за ситуацијата на Диего Коста, а
Антонио Конте наместо одговор само слатко се изнасмеа.
„Супер, супер,
супер” – прокоментира Италијанецот
со голема насмевка на лицето.
„Сите знаат што
се случи минатата сезона, ова интервју е смешно”.