71
Фенербахче не очекуваше дека ќе загуби во Скопје, уште помалку со два примени гола без да даде ниту еден.
Турскиот големец е на прагот на елиминација, доколку не победи со три разлика во Истанбул нема да игра во Европа оваа сезона, а тоа би бил голем удар за нив.
Ѕвездата на Фенер, Матие Валбуена вели дека е вознемирен од поразот, сега се фокусираат на мечот со Трабзон од домашниот шампионат, а потоа смета дека ќе можат да го елиминираат Вардар и покрај негативата.
„Многу сум вознемирен од овој пораз но има и реванш. Ајде сега да се фокусираме на натпреварот во недела!“ – напиша Валбуена на својот твитер профил.