На Тијаго Мота не му оди баш најдобро во првата сезона на клупата на Јувентус, а сега во јавноста се огласи Антонио Касано.
Според поранешниот италијански репрезентативец, Роберто Мачини кој во овој момент е слободен и без ангажман по отказот на клупата во Саудиска Арабија би можел да биде добро решение за клубот од Торино.
Се пишуваше одреден период дека Рома сака да го доведе, но на крајот ништо се случи.
„Бидејќи е извесно дека ќе се врати во италијанскиот фудбал треба да се следи ситуацијата Манчини – Јуве. Тоа сега ви го кажувам во овој момент. Мота не работи добро. На голем клуб потребен му е голем менаџер, а не само добар тренер бидејќи некои ситуации треба да се доведат во ред. Кој би бил подобар од него во тој случај“, изјави Капело.