Од големо промашување во Тотенхем до четврто најскапо засилување на Барса: „Каталонците“ го промовираа Паулињо

by
1 минути читање

Паулињо добива
нова шанса да се докаже на европската фудбалска сцена откако „Каталонците’
решија да му укажат голема доверба и на Гуангжу Евергранде да му искешираат 40
милиони евра за неговите услуги.

Бразилецот во
2013 пристигна во Тотенхем и во еден момент беше најкап играч на „Спарси“ но се
покажа како големо промашување и по две лоши сезони беше продаден во Кина.

Сега тој е
четвртото најскапо засилување на Барса, па многумина се скептични околу
неговиот трансфер.

„Јас сум играч кој
и помага на одбраната, но знам да играм и на поофанзивна позиција, и би сакал
да играм поблиску до противничкиот шеснаесетник. Ќе му помогнам на тимот онаму
каде што ќе бидам потребен
– се претстави Паулињо пред новинарите.

„Ветувам напорна
работа и ќе сторам се за да им помогнам на соиграчите. Ова е голем предизвик, притисокот
тука е многу поголем, но подготвен сум. Сакам само да играм фудбал, нема да
летам во облаци
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани